Убиецот на десетте афроамериканци во Бафало е осуден на доживотен затвор

Mлад приврзаник на идеологијата на белата супремација над црното население во средата беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување за убиството на десетте афроамериканци во 2022 година во Бафало, во западната американска сојизна држава Њујорк.

Деветнаесетгодишниот Пејтон Гендрон се изјасни за виновен по вкупно 15 точки од обвинението, вклучително и убиство и тероризам од омраза за масовното пукање во Бафало на 14-ти мај минатата година. Откако неколку роднини на убиените зборуваа за нападот, Гендрон им се извини на семејствата на жртвите, велејќи дека сега не може да поверува што направил и се надева дека неговото злосторство нема да ги мотивира другите да го следат неговиот пример.

Тоа е еден од најсмртоносните напади извршени во последниве години во САД.

„Многу ми е жал за сета болка што им ја предизвикав на жртвите и семејствата. Не можам да изразам колку ми е жал за сите одлуки што доведоа до постапките 14-ти мај. Направив ужасна работа тој ден. Пукав и убив луѓе затоа што беа црнци“, додаде Гендрон

Тинејџерот емитуваше видео во живо од нападот на платформата за стриминг Twitch, откако преходно на интернет објавил расистички текст во кој детално ја опишува неговата инспираност од други расно мотивирани масовни убиства, соопштија властите.

Гендрон е првото лице во државата Њујорк кој е обвинет за кривично дело домашен тероризан мотивирна од омраза според федералниот закон од 2020 година.

Некои од роднините на жртвите изјавија дека сакаат Гендрон да добие доживотна казна затвор.

„Не ти сакам смртна казна“, рече Вејн Џонс, единствениот син на убиената Селестин Чејни. „Посакувам да те одржуваат во живот, па да страдаш со помислата на она што си го сторил до крајот на животот“, додаде тој.

Во сојузната држава Њујорк, ианку, не постои смртна казна, но Гендрон би можел да се соочи со смртна казна според сојузното обивнение. Него го очекува и судењето за 27 обвиненија поднесени од сојузниците обвинители.

Обвинителите велат дека напаѓачот го нападнал супермаркетот „Tops Friendly Markets“ во афроамерикански кварт во Бафало со намера да убие што е можно повеќе афроамериканци. Уби десет луѓе, а рани тројца. Двајцата преживеани се бели мажи, соопштија тогаш властите. Жртвите беа на возраст од 20 до 86 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.