Убиецот на мачки од Брајтон осуден на над пет години

Поранешен вработен во агенција за обезбедување осуден е на повеќе од пет години затвор поради усмртување на девет и повредување на седум мачки, пренесе во петокот британскиот јавен сервис BBC.

Стивен Буке убил девет мачки во Брајтон и околината во периодот меѓу 2018 и јуни 2019 година. Седим од овие животни ранил со нож. Овој 54-годишник ја негирач вината за поседување нож и 16 напади кои се случувале ноќе.

Судот во Бирмингем во јуни пресуди дека Буке, кој во медиумите го доби прекарот „убиецот на мачки од Брајтон“, е виновен а сега го осуди на пет години и три месеца затвор.

Судијата Џереми Голд рекол дека неговото однесување било „свирепо“. „Тоа траело долго и го погоди самото срце на семејниот живот“, додал судијата.

Буке ги отфрлил обвинувањата и на полицијата при приведувањето ѝ рекол дека тој „не е закана за животните“. Бил уапсен откако надзорна камера, коај ја поставил стопанот на една од убиените мачки, снимила нов напад.

Фотографиите од две убиени мачки подоцна се најдени во мобилниот телефон на Буке, а нож со ДНК на мачка е откриен во неговиот дом.