Убиен 75-годишен човек во кичевско со давење

Мртов маж со траги на насилство бил пронајден во куќа во кичевско информира полицијата. Вчера во 13:50 часот во Полициско одделение Осломеј, од 59-годишниот С. Џ. од село Црвевци, кичевско било пријавено дека во село Црвевци во куќа во сопственост на 75-годишниот Б.Б. го пронашол починат сопственикот, кој имал видливи повреди.

Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење.

 Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска  по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело, соопшти ОЈО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.