Убиен градоначалник на предградие на Мексико Сити

24

Франциско Тенорио Контрерас, градоначалник на Вале Де Калча, предградие на Мексико Сити, вчера е убиен додека бил во обиколка на згради во изградба.

Претседателот на мексиканската Национална асоцијација на градоначалници Енрике Варгас прецизира дека во Контрерас било пукано додека бил на градилиште, а потоа во болница им подлегнал на повредите.

Според мексиканските медиуми, Контрерас бил застрелан во главата, по што со хеликоптер бил однесен во болница, каде починал.

Според Здружението на мексикански градоначалници, годинава биле убиени четворица градоначалници, а минатата година осум. Контрерас претходно годинава изјавил дека добивал закани со смрт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.