Убиен ирански дипломат во Јемен

89

Иранскиот дипломат Али Ашгар Асади, кој бил ранет во оружен напад во јеменската престолнина Сана, бил опериран и пренесен на интензивна нега, но починал по еден час.

„Непознати лица пукале во три наврати во правец на дипломатот во моментот кога излегуваше од резиденцијата на иранскиот амбасадор во близина на трговскиот центар во дипломатската населба Хада“, рекол полициски извор кој не можел да ги прецизира мотивите за нападот.

Иранскиот дипломат, Нур Ахмад Никбахт, кој е киднапиран во јули во Сана, се’ уште е во рацете на киднаперите, кои , според племенски извори, би можеле да бидат припадници на Ал Каеда.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.