Убиен најпознатиот „гребатор“ на светот

Титус Кларис, Белгијанец од Гент кој својата слава ја стекна како човек кој повеќе од 100 пати избегал а да не плати обилен оброк со задоволство изеден во некој луксузен ресторан, пронајден е мртов во својот стан. Кларис е избоден со нож, а истрагата треба да утврди дали неговата смрт има врска со неговите незгодни навики, поради што беше принуден да одлежи шест месеци затвор и да плати 1650 евра казна.

Тој имал обичај да влезе во некој од најдобрите ресторани да си нарача школки, јастози, крем бруле или нешто друго што е скапо на менито, најчесто залиено со шампањ и на крај ништо да не плати.

Најпосле угостителите веќе дознаа како изгледа, но повторно му успеваше да се претопи во масата туристи на некоја летна тераса. Никогаш не бил нападен, туку напротив секогаш добро расположен.

Познато е дека Кларис живеел од социјална помош и дека се дружел со сомнително друштво, така што причината за неговото убиство изгледа лежи во овој факт