Убиен познатиот бразилски режисер Едуардо Кутињо

Еден од водечките бразилски филмски режисери, Едуардо Кутињо, е убиен во својот дом во Рио де Женеиро, објави локалната телевизија.

Осумдесетгодишниот Кутињо, според првичните информации, е убиен со нож од страна на неговиот ментално болен син.

Сопругата на режисерот се наоѓа во тешка состојба бидејќи и таа е повредена со нож на неколку места на телото. Хоспитализиран е и нивниот син Даниел, кој исто така има рани од нож.

Кутињо е режисер со богато искуство и добитник на повеќе светски престижни награди.

Кутињо најавил дека планира да сними документарен филм за протестите во Бразил во јуни поради корупција, злоупотреба и трошоците поврзани со организацијата на Светското првенство и Олимпијадата кои што треба да се одржат во Бразил.