Убиен пратеник од Демократската партија на Косово

Со четири истрели од огнено оружје ноќеска убиен е пратеникот од редовите на Демократската партија на Косово, Елвис Писта.

Според полицијата мотивите и извтршителот се’ уште се непознати.

Писта бил застрелан во паркинг просторот на ресторант „Хаја Петрол“ кај неговиот роден град Раховец, во моментот кога со сопругата и неколку пријатели излегле од објектот, каде биле на вечера по повод роденденот на сопругата Бесарта.

Во него било пукано од зад грб. Според полицијата убиството било добро испланирано.

Писта бил веднаш префрлен во болница, но лекарите само контатирале смрт. Писта за пратеник беше избран на последните парламентарни избори а досега работеше како секретар на косовски пост телеком. Премиерот и лидер на ДПК, Хашим тачи, изрази глабоко сочувство до неговото семејство и вети отркивање на атентаторите на убиството. Убиството го осуди и лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изразувајќи сочувство и побара расветлување на убиството што е моќно поитно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.