Убиен раперот XXXTentacion

Во Флорида е смртно застрелан ноќта кон вторникот американскот рапер Џасеј Двејн Онфрој, попознат под псевдонимот XXXTentacion, пренесува порталот TMZ.

Според полицијата, музичарот бил застрелан во понеделникот во текот на денот по локално време. Тој бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Според локални медиуми, раперот бил застрелан додека напуштал продавница со мотоцикли на Флорида кога непознат го застрелал.

Добро информираниот таблоид TMZ, пак, прецизира дека непознати лица се упатиле кон автомобилот на дваесетгодишниот музичар, а еден од нив пукал во Онфрој. Според очевидци, станувало збор за двајца црни мажи со качулки. Напаѓачите, исто така, од автомобилот на раперот земале чанта од престижниот бренд „Louis Vuitton“ и исчезнале со автомобил.

Раперот XXXTentacion често во медиумите беше опишуван како еден од најконтроверзните изведувачи на овој вид музика. Онофри го очекуваше судење по обвинувањата за семејно насилство врз неговата бремена девојка. Против него беа подигнати десетина обвиненија. Осомничен е, исто така, фалсификување докази. Судот донесе одлука за специјални услови за негов куќен притвор, за да може да го напушата својот дом и да одржува концерти.

Славата ја стекна со песните кои ги поставуваше на интернет страница SoundCloud. Дебитантскиот албум на Онфрој под наслов „17“ беше издаден во август 2017 година и се искачи до второт место на листата на 200-те најдобри албуми на магазинот Billboard. Неговиот втор албум под насловот „?“ беше издаден во март 2018 година. Нумерата од овој албум „SAD“ се искачи на седмото место на листата Bilboard Hot 100.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.