Убиена млада новинарка во Северна Ирска

Млада новинарка е убиена во Лондондери во Северна Ирска откако настанале безредија, а полицијата ова убиство го третира како „терористички инцидент“.

„Потврдуваме дека после вооружена престрелка убиена е 29-годишна жена“, соопшти полицискиот функционер Марк Хамилтон и додаде дека истрагата за убиството е отворена, како и тоа дека се сомневаат дека станува збор за терористички акт.

Локалните медиуми денеска пренесуваат дека непознати лице пукале во полицијата, додека тие вршеле рутинска контрола во Лондондери.