Убиена новинарка во Мексико

Група вооружена криминалци смртно ја застрелале новинарката Норма Сарабија на вратата од нејзиниот дом во мексиканскиот град Уимангиљо, во мексиканската сојузна држава Табаско, а во соседната држава Веракруз е киднапиран новинар.

Порталот Universal пренесува Сарабија работела на специјални новински репортажи во весникот Tabasco Hoy. Мотивите за убиството на новинарката сѐ уште не се утврдени, а на местото на настанот уште работат иследниците, пренесува порталот.

Градот Уимангиљо се наоѓа во близина на границата со сојузната држава Веракруз, каде што неодамна имаше неколку убиства поврзани со нелегалната продажба на нафта, кои потекнуваат од честите големи кражби од нафтоводите.

Во самата Веракруз во средата е киднапиран новинарот Марко Миранда, кој работел за порталот Noticias a Tiempo. Вооружени членови на локална банда го пресретнале неговиот автомобил во близина на местото Бока-дел-Рио. Мексиканските власти ги ангажирале специјалните сили во операцијата на потрага и ослободување на новинарот.

Според податоците на националната комисика за човекови права, повеќе од 140 новинари се убиено во Мексико од 2000 година, а уште 21 медиумски работник се води како исчизнат од 2005 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.