Убиени 18 авганистански специјалци во судир со талибаните

Најмалку 18 припадници на авганистанските специјални безбедносни сили загинале во судирот со борците на радикалното исламистичко движење Талибан, во северозападниот дел од Авганистан, пренесува во средата агенцијата Khaama Press.

Борбата започнала во понеделникот вечерта, откако група од 36 специјалци го нападнале штабот на талибаните во покраината Бадис, и траела неколку часови.

Еден од парламентарците од оваа покраина, Кази Абдул Рахим Рахин, за агенцијата изјавил дека во судирот биле убиени 19 милитанти , а уште 20 биле ранети. Додал и дека бунтовниците заробиле шестмина војници.

Министерството за одбрана на Аванистан ги потврдило инфромациите за борбите, но не не пријавило никакви жртви во редовите на војската,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.