Убиени 64 политичари пред изборите во Мексико

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико и се смета дека тоа има врска со парламентарните и регионалните избори во јуни годинава, соопшти локалната Владат.

Насилството во Мексико пред избори, особено локалните, обично го вршат картели кои се занимаваат со трговија со дрога.

– Организираниот криминал се обидува да влијае на текот на изборите – рече министерката за безбедност Роза Исела Родригез.

Таа наброи 73 случаи на политичко насилство, вклучувајќи 64 убиства. Министерката не прецизираше колку меѓу нив се кандидати за изборите на 6 јуни.

Владата најави зајакнување на заштитата на ранливите кандидати.

Најчесто насилство врз политичарите се убиства, киднапирања, закани кон роднини, подметнување пожари и изнуда.