Убиени две деца и жена во градинка во Русија

Човекот вооружен со пушка си го одзел животот набргу откако уби тројца во рускиот регион Улјановск

Маж со сачмарка уби две деца и една вработена во градинка во Улјановската област, во централна Русија, пред да си го одземе животот.

Трагедијата се случила денеска во селото Вешкајма, во периодот кога децата спиеле.

Меѓу жртвите, наводно, има петгодишно момче и шестгодишно девојче заедно со еден член на персоналот. Според информациите, најмалку една жена е повредена.

Полицијата го идентификувала напаѓачот како 26-годишен локален жител. Иако властите во моментов работат на утврдување на неговите мотиви, руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова извести дека осомничениот имал психички проблеми.