Убиени осум полицајци во Тунис

Осум припадници на полицијата се убиени денеска во терористички напад во северозападен Тунис, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи во земјата.

„Припадниците на терористичката група убиле осум членови на Националната гарда во заседа“, изјави за „Франс прес“, генералот Суфијан ал-Зак.

Тој додаде дека дека нападот се случил на десетина километри од алжирската граница.