Убиени познат бугарски бизнисмен и неговата сопруга

Бугарски бизнисмен и неговата сопруга се убиени вечерва во софиската населба Витоша, јави БТА.

Според непотврдени полициски извори, жртвите се идентификувани како 48-годишниот Митко Дамјанов, сопственик на градежна фирма, и неговата 42-годишна сопруга.

Во тек е полициски увид на местото на убиството.