Убиени шестмина припадници на Хамас

Шестмина членови на палестинската терористичка организација Хамас загинале вчера во експлозија.
Информацијата ја потврдија од Хамас, која за нападот го обвини Израел.

За време на комплицираната безбедносна и разузнавачка операција предводена од бригадата „Касам“, со намера да се испита сериозен инцидент што го извршиле Ционистите против палестинскиот отпор, се случи жалното злосторство против нашите муџахедини во областа Завајда во централниот дел од појасот Газа, стои во соопштението на Хамас, објави Ројтерс.
Портпаролот на израелската армија одби да коментира за инцидентот, иако повеќе припадници на армијата рекоа дека армијата нема никаква врска со инцидентот.