Убиени шестмина демонстранти во протестите против курдските власти во северен Ирак

Шестмина демонстранти се убиени во обновените протести во северен Ирак организирани против владејачките курдски политички партии.

Локални официјални лица соопштија дека еден демонстрант е застрелан од чуварите кои го обезбедувале седиштето на Демократската партија на Курдистан, во градот Такја, западно од Сулејманија. Двјаца други демонстранти биле застрелан кога курдските безбедносни сили отвориле оган за да ги растераат демонстрантите во градот Сиед Садик, источно од Сулејманија.

Други тројца демонстранти загинале на различни локации.

Курдските власти донесоа одлука во следните 24 часа да го забранат движењето меѓу Сулејманија и околните градови, во обид да го спречат ширењето на немирите. Движењето меѓу градовите околу Сулејманије, исто така, е забрането до среда на полноќ.

Курдските специјалци се распоредени внатре во Сулејманија и околу канцелариите на Демократската партија на Курдистан во околните градови, кои се мета на демонстрантите во последните неколку дена.

Протестите за неисплатените плати се проширија во најмалку шест градови во близина на Сулејманија, а демонстрантите ги запалија зградите во кои се наоѓаат седиштата на политичките партии и локалните самоуправи. Нивна првенствена цел се Демократската партија на Курдистан и Патриотската унија на Курдистан, кои ја контролираат областа околу Сулејманија.

Полуавтономниот ирачки регион Курдистан, како и целата земја, се погодени од кризата со пандемијата, поради која драстично се намалени приходите од нафта.