Убиени три, а ранети најмалку 13 лица во синоќешна престрелка во Филаделфија

Две лица загинаа, а најмалку 13 се повредени во пукотница доцна синоќа во Филаделфија (САД), соопштија властите. Полициската управа во Филаделфија одговорила на извештаите за лице со пиштол во поголема група луѓе, објави телевизијата VPVI.
Полицаец успеал да види како маж пука во толпа луѓе во центарот на градот, по што тој пукал кон него. Ниту еден полицаец не е повреден, соопшти полицијата, пренесува АП. Не е јасно дали осомничениот е погоден, а не е позната ни состојбата на ранетите во престрелката.
Властите велат дека немало апсења, но било пронајдено оружје.

Ова е второ најсмртоносно пукање во Соединетите Држави.
Исто така вчера, загина едно девојче, а осум лица беа повредени во пукотница што се случи во трговскиот центар во градот Феникс, во американската сојузна држава Аризона, соопшти полицијата.
Полицискиот функционер Енди Вилијамс изјави дека во престрелката се повредени девет лица кои се пренесени во болница, а 14-годишно девојче им подлегнало на повредите, пренесе АП.

фото: Б92.net

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.