Убиени три деца во војната во Украина

Организацијата „Save the Children International“ објави дека во Украина е потврдена смртта на три деца.

-Секоја војна е војна против децата. Се плашиме дека ќе загинат повеќе невини деца ако борбите не престанат. Децата мора да бидат заштитени од се, напишаа тие.

Не е соопштено каде се убиени децата, но претходно, според објавите на медиумите, рускиот министер објавил дека Русите удриле во сиропиталиште и градинка во украинскиот град Охтирка, а медиумите објавија дека има загинати и повредени.