
Најмалку тројца туниски полицјци се убиени денеска во напад на исламски екстремисти на контролен пункт во централниот дел на Тунис.
Двајца полицајци се убиени во напад на контролен пункт, а третиот подоцна во судири со екстремистите.
Во нападот е убиен и еден исламски борец.
Засега ниту една група не презема одговорност за нападот, но во земјата се активни неколку помали исламистички групи, меѓу кои и Окба Ибн Нафа, која делува во пограничниот дел со Алжир.