Убиениот американски новинар бил вљубен во исламскот свет

Обезглавениот американски новинар, Стивен Сотлоф е внук на двајца преживеани од холокаустот, кој целосно бил свесен за ризиците да прави репортажи од Блискиот Исток.

Тој совршено зборувал арапски јазик и го сакал исламскиот свет.

Триесет и едногодишниот Сотлоф израснал во Мајами заедно со својата мајка  Ширли и неговиот татко Арт. И двајцата негови родители успеале да го  преживеат  холокаустот. Во 2002 година завршува Кимбал Јунион Академија во Њу Хемпшир. Потоа се вработил во Универзитетот на Централна Флорида. Тој студирал новинарство од 2002 до 2004 година, но не успеал да  заврши.

2

Не е познато како Сотлоф завршил на Блискиот Исток, за да прави репортажи. Неговите пријатели велат дека тој знаел за турбулентната и опасна ситуација во регионот, но тоа не го спречувало. Сотлоф правел репортажи од Бахреин, Египет, Либија, Турција и Сирија.

Видеото со егзекуцијата на американскиот новинар Стивен Сотлоф е насловена како “Втора порака до Америка” и била дадена на исламистички сајтови на интернет. Само неколку часа по качувањето,  сепак тоа е отстрането од глобалната мрежа. Сотлоф е вториот американски новинар, обезглавен од “Исламска држава” само за две недели по Џејмс Фоули. Стивен се појавува во кадарот и во видеото со егзекуцијата на Фоули.