Убиениот полубрат на севернокорејскиот челник бил доушник на ЦИА

186

Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорскиот челник Ким Џонг-ун, кој беше убиен на аеродромот во малезиската престолнина Куала Лумпур во 2017 година, бил доушник на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), пишува во вторникот, The Wall Street Journal, пренесува НетПрес.

Весникот се повикува на неименувана „личност, добро запознаена со случајот“, додавајќи дека многу поединости од поврзаноста на Ким Џонг-нам со ЦИА остануваат нејасни. Новинската агенција „Reuters“ ја потврдила приказната, но ЦИА официјално не дала коментар за информацијата.

Според наводите во написот, Ким Џонг-нам бил инфроматор на американското разузнавање и „повеќепати се состанувал со нејзините претставници“. Весникот објавува дека во февруари 2017 година, кога врз него бил извршен атентатот, Ким Џонг-нам престојувал во Малезија на средба токму со претставник на ЦИА, со кој тој одржувал конакт. Притоа, соговорникот на весникот претпоставува дека тоа можеби не била единствената цел на неговото патување. Во написот на „Тhe Wall Street Journal“ се наведува и дека поединостите на поврзаноста на постариот брат на Ким Џонг-ун со американското разузнавање ќе бидат опишани во книга на новинар на весникот „The Washington Post“, која треба да биде поромовирана деновиве.

Ким Џонг-нам умре на 13-ти февраури 2017 година на пат кон болницата од аеродромот во Куала Лумпур. Според полицискиот извештај, тој се пожалил дека имал голема вртоглавица, откако по лицето бил испрскан со некаква течност од непознато лице кое потоа побегнало. Малезиските власти соопштија дека смртта е предивикана од изложеноста на забранетиот нервен агенс Ве-Икс (VX). Во врска со нападот беше уапсена индонезиската државјана Сити Ајсиа, којашто подоцна беше ослободена. Беше уапсена и виетнамската државјанка Доан Ти Хуонг, која е осудена на 3 години и 4 месеци затвор под обвиение за нанесување штета по здравјето која предизвикала смртен исход.

Ким Џонг-ун е најстариот син на поранешниот севернокорејски челник Кин Џонг-ил и познатата севернокорејска актерка Сон Хе-ри. Своевремено тој се сметаше за најверојатниот наследник на династијата Ким на чело на Северна Кореја. Сепак, Ким Џонг-нам си ги намали шансите откако беше во фокусот на скандалот кога со во мај 2001 година беше откриен при обид за влегување во Јапонија со лажен пасош на Доминиканската Република. Оттогаш, со семејството живееше во странство, најдолг период во кинеската енклава Макао.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.