Убиените деца и чуварот ќе бидат погребани утре

Учениците убиени во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, како и чуварот ќе бидат погребани утре, 6-ти мај.

13-годишно дете изврши еден од најголемите масакри во понова историја.
Oсум деца и еден чувар се убиени во пукањето што се случи завчера во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.

Убиените деца се родени во 2009-та и 2011-та година.

Меѓу жртвите се и еден француски државјанин.