Убиените во нападот во Норвешка се жртви на убодни рани а не на лак и страла

Петтемина убиени во малиот норвешки град минатата седмица се жртви на убордни рани, а не од напад со лак и стрела како што првенствено се мислеше, објави во понеделникот полицијата.

Убиени се четири жени и еден маж на возраст меѓу 52 и 78 години во нападот од 13-ти октомври во Конгсберг, 70 километри западно од норвешката престолнина Осло.

Ранети беа уште три лица, меѓу кои и полицаец кој не бил на должнсот, а тој е погоден со стрела во почетната фаза од 35-минутниот напад. Иследниците сметаат дека напаѓачот потоа се откажал од ова оружје.

„Петте луѓе се убиени со остро оружје. Некои се убиени во домовите, а некои надвори“, изјави за медиумите полицискиот инспектор Томас Омхолт но не сакал да каже дали станува збор за ножеви или за поголемо оружје.

Минатата среда полицијата објави дека маж вооружен со лак и стрела убил неколку луѓе. Подоцна додаде дека користел и друго оружје. Инспекторот Омхолт не одговори на новинарското прашање зошто на полицијата ѝ бидел потребни дури шест дена за да утврди со кое оружје се извршени убиствата.

Иследниците сметаат дека единствениот осомничен за нападот е данскиот државјанин 37-годишниот Еспен Андерсен Братхен, како што беше соопштено подоцна душевен пациент кој во моментов се наоша во затворена прихијатриска установа.

Браатхен се преобратил во исламот и полицијата и претходно регистрирала кај него знаци дека се радикализирал, но немал извршено никакво дело. Нападот е квалификуван како терористички чин.