14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Убиено девојче во Мјанмар кое трчало во прегратките на нејзиниот татко

Седумгодишнaта Кин Мио Чит е најмладата жртва на репресија по воениот удар во Мандалај минатиот месец. Девојчето било застрелано во вторникот попладне, а нејзините последни зборови биле: „Тато, премногу боли!“ Пренесува BBC.

– Војниците ја треснаа вратата и влегоа во куќата. Тие го прашаа татко ми дали има уште луѓе во куќата. Кога им рече дека нема, го обвинија дека лаже и започнаа да ја пребаруваат куќата. Во еден момент Кин Мио Чит притрча кон нејзиниот татко и таа седна во неговиот скут, во тој момент војниците ја застрелаа и ја погодија во грбот, рече сестрата на убиеното девојче.

Девојчето починало половина час подоцна, додека со возило била пренесена во болницата. При претрес на куќата, војниците го претепале и уапсиле нејзиниот 19-годишен брат. Војската соопшти дека жали за смртта на девојчето, но одговорноста ја префрлила на демонстрантите.

Наводно, 14-годишник бил убиен истиот ден, според организацијата за заштита на правата на деца „Save The Children.“.

– Смртта на овие деца е особено загрижувачка со оглед на тоа што тие наводно биле убиени додека биле дома, каде што требало да бидат безбедни и заштитени. Фактот што толку многу луѓе умираат секој ден покажува колку безбедносните сили се грижат за човечките животи, рече организацијата.