Убиено семејство со 5 деца во САД

Непознато лице убило седум члена од исто семејство во централната американска држава Охајо, соопшти телевизијата Би-Ен-Оу њуз, дополнувајќи дека убиецот е во бегство.

Пет од жртвите се деца, од кои едното имало само пет дена, а другото било шестмесечно бебе.

Убиствата се случиле на три различни локации, пренесува Фокс њуз.

Локалните медиуми наведуваат дека не е веројатно дека нападите биле случајни и оти сите жртви се роднински поврзани.