Убил седум членови од своето семејство, меѓу кои пет деца и се самоубил

Маж во американската сојузна држава Јута уби седум членови од своето семејство.

Тој ги убил своите пет деца, на возраст од 4 до 17 години, а потоа и себеси, соопштија локалните власти во Енох Сити.

Сопругата на човекот кој ги изврши убиствата поднела барање за развод непосредно пред Божиќ, јавува Би-Би-Си. Осумчлено семејство е пронајдено мртво во нивниот дом во средата навечер. Наведено е дека се работи за 42-годишниот Мајкл Хајт, кој ги убил сопругата Тауша Хит (40) и нејзината мајка Гејл Ерл (78), како и нивните деца – три девојчиња на 17, 12 и седум години и две момчиња на возраст седум и четири години.

Менаџерот на Енох Сити, Роб Дотсон, рече дека полицијата ги открила телата во средата попладне, откако беше пријавено дека Тауша Хајт пропуштила состанок. Официјалните лица исто така потврдија дека таа поднела барање за развод на 21 декември. Енох Сити е град со околу 8.000 жители во југозападниот дел на Јута, околу 400 километри јужно од Солт Лејк Сити.