Убиство во Кавадарци, приведен осомничениот сторител

Педесет идеветгодишен маж им подлегнал на повредите од остар предмет здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци, а за  убиството е приведен и осомничен 45-годишниор Х.С. од Кавадарци.

„На 16.11.2021 околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С. од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на  улицата ‘Методија Џунов’ во Брушанско Маало во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци“, потврдија за МИА од МВР.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,  велат од МВР.