Убиството на Ивановиќ снимено од дронови на КФОР?

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица најверојатно го снимиле камерите на дрон на КФОР, но снимките од истите ги нема во истрагата, пишуваа белградски „Новости“.

Според весникот, ова е нов детал од малниот политичко-безбедносен трилер по атентатот врз лидерот на Граѓанската иницијатива„ Србијаа, демократија, правда“ кое подолго од четити месеци е обвиено во магла.

Новости прашуваат како е можно да нема видео записи од беспилотните летала на воената мисија, ако се знае дека два дрона постојано се на небото над Митровица?

Ивановиќ беше убиен пред просториите на својата партија. Тој беше застрелан со шест куршуми во грб од автомобил во движење. Истрагата за убиството ја започна Основното обвинителство во Косовска Митровица, а пред два месеци е преземана од Специјалното обвинителство.