УБК ги смести Миле Јанакиески и Кирил Божиновски во притвор

Известување во писмена форма од Управата за безбедност и разузнавање, било основа за изрекување мерка притвор за обвинетите во „Титаник“, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, тврди адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов.

Да се оди со некакво известување од УБК за наводно некое сомнение за бегство, без поткрепени факти за истото сомение, сметам дека е апсурд иосвета, а на крајот на краиштата сето ова беше најавено синоќа во изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, што покажува сепак спрега меѓу власта и судството. Доколку секој од нив сакал да се даде во бегство немаше да спијат во својот дом каде биде пронајдени утринава – рече тој во изјава пред Кривичниот суд утринава.

На Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски, судот утрово им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, откако вчера се дозна дека поранешниот премиер Никола Груевски ја напуштил земјава и обелодени дека се наоѓа во Унгарија, каде бара политички азил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.