Ублажувањето на мерките во Кина ги крена цените на нафтата кон 89 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари во четвртокот пораснаа кон 89 долари за барел, поддржани од ублажувањето на епидемиолошките мерки за сузбивање на Covid-19 во Кина што би требало да ја ослободи побарувачката во најголемиот увозник на нафтата во светот.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше повисока за 1,87 долари отколку на затворањето на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 88,84 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 2,02 долари повисока цена, за 82,57 долари.

Во одвоениот извештај Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелот на кошницата референтна нафта на нејзините членки во средата поевтинил за 29 центи во однос на вторникот, на 83,13 долари.

Трговците ги охрабри објавата на големите индустриски кинески градови Гуангжу и Чонгчинг од средата дека ќе ги ублажат строгите епидемиолошки мерки, што се толкува како промена на кинеската стратегија на „нулта толеранција на коронавирусот“ што значи „затворања“ и ограничување на движењето па следствено и запирање на производството и на синџирите на набавка.

„Сигналите коишто доаѓаат од Кина, исто така, изгледаат многу позитивно. Дури и скромното ублажување на политиката на нулта толеранција кон ковидот ќе наиде на добар одек и заслужува таква реакција“, толкува за Reuters Крег Иралм од брокерската куќа ОANDA

Поткрепа на цените на нафтата им даде и послабиот американски долар, откако гувернерот на американската централна банка Federal Reserve (Fed) изјави дека би можело да биде ублажено темпото на зголемување на клучните каматни стапки и извештајот на S&P Global кој покажа пад на активностите во индустријата во еврозоната во ноември. Послабиот американски долар, имено, ја јакне куповната моќ на купувачите со други валути, а со тоа ја поттикнува и побарувачката.

Трговците се подготвуваат и за неделниот состанoк на OPEC и нејзините сојузници големите независни производители на нафта предводени од Русија (OPEC+). Иако извори во средата рекле дека се мали шансите да се промени производствената политика, некои сепак сметаат дека не може да се исклучи можноста за намалување на производството.

„Мислам дека состанокот на OPEC+ ги принудува трговците да ги пополнат испразнетите позиции, но сите прогнозираат дека нема да ги менуваат производствените квоти“, вели Тамаш Варга од PVM.

Поттик на цените им даваат и сигналите од ЕУ дека ценовниот лимит за извозот на руската нафта би можел да биде понизок од 65 до 70 долари, распон кој пред една седмица го објавија дипломатски извори. Пазарите мирно реагираа, имајќи дека е повисок од актуелните пазарни цени на руската нафта. Но денеска беше соопштено дека ЕУ го поставува лимитот на 60 долари за барел. Официјален договор сѐ уште не е постигнат, а лимитот треба да стапи на сила на 5-ти декември, паралелно со ембаргото на увозот на руската нафта.

Засега не е познато колку силно пазарите ќе реагираат доколку се остварат заканите на Русија дека на земјите коишто ќе го прифатат ценовниот лимит за нејзините енергенси, што значи ЕУ повеќе нема да им испорачува нафта и гас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.