Љуботенец пукал во куќа на сосетката

На 22.08.2022 во 18:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.А. од с.Љуботен, скопско, пријавила дека околу 13:30 часот Е.Р. од с. Љуботен од огнено оружје пукал кон нејзината куќа.

Според пријавата, при пукањето биле направени оштетувања на куќата.

Се работи на расчистување на случајот.