Љубовна трагедија во центарот на Скопје, партнерот почина по пад од зграда, неговата девојка позната пејачка се бори за животот?!

Маж го загуби животот, а женa со тешки телесни повреди е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош, откако паднале од зграда на булевар „Климент Охридски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, во СВР Скопје вчера во 12,57 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф. М. на  47 години и К. Г. на 39 години, двајцата од Скопје.

„Лекар од Итната медицинска помош кај Ф. М. констатирал смрт, а К. Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош“, наведуваат од МВР.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Станува збор за љубовен пар, девојката е од скопската населба Аeродром и е вокалистка на познат скопски бенд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.