Учебната година ќе започне на 1-ви спетември

И покрај барањата на хотелиерите, Владата на седница одлучила дека сепак учебната година ќе започне на 1-ви спетември. Членовите на владата на седница разгледале иницијативата на хотелиерите летниот распуст да биде продолжи до 15-ти септември поради слабите резултати во туристичката сезона во мај и јуни.

Владата на седница одлучила дека сепак учебната година ќе започне на 1-ви спетември.
Владата на седница одлучила дека сепак учебната година ќе започне на 1-ви спетември.

Заклучокот го соопшти заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Ристовски потенцира дека заклучокот произлегол од консултации со стручни лица од воспитно-образовниот процес и професори од педагошките факултети.

Констатиравме дека во овој момент, безмалку триесетина дена до почетокот на новата учебна година, е предоцна да се прават какви било корекции. Го разбираме барањето и иницијативата на дел од туристичките работници, меѓутоа секогаш се водиме од најдобриот интерес на учениците. Учебната година, како и секогаш, ќе почне на 1-ви септември и апелирам до учениците и нивните семејства да си ги реализираат своите подготовки за почеток на наставата, рече Ристовски на прес-конференција.

Ристовски информираше и дека Владата ги задолжила министерствата за образование и наука и за економија во наредните месеци да направат подлабока анализа, секое од свој аспект, за ефектите од евентуална промена во начинот на организација на учебната година.

Хотелиерите побараа да се осложи почетокот на учебната година

Хотелиерите кон крајот на минатата недела побараа учебната година да почне на 15-ти септември. Тие сметаат дека во тој период туристичката сезона ќе биде подобра.

Мајските случувања во земјава, јунските временски прилики ја скратија туристичката сезона и многу аранжмани беа откажани, па затоа сметаме дека од одложувањето на почетокот на учебната година на 15-ти септември бенефит ќе имаме сите, сметаат туристичките работници од Охрид и Струга.

Интересот на учениците пред се’

Од МОН одговорија дека нивниот предлог ќе биде разгледан, но потенцираа оти се работи за специфична иницијатива која не зависи само од волјата на МОН, па дури и од волјата на Владата, треба да се исконсултираат и искоординираат повеќе општествени фактори.

Во следниот период ќе биде направена поширока анализа и коодринација и консултација со поголем број субјекти, врз основа на која потоа би можеле да процениме како би ја носеле одлуката. Неопходно е да бидеме уверени во аргументацијата која беше изнесена – еден од главните аргументи беше промената на временските услови, продолжување на сезоната поради интересот на туристите и на туристичките агенции но, од друга страна, ние како ресорно министерство за која било одлука мора пред се да го имаме интересот на учениците, рече заменик – министерот Ристовски одговарајќи на новинарско прашање, пред неколку дена.

 

Новата учебна година поголем број ученици ќе ја започнат во реконструирани училишта. Погледнете кои се тие.