Ученици и студенти учат на свеќа бидејќи во Домот „Томе Стефановски Сениќ“ нема струја

Учениците и студентите сместени во домот „Томе Стефановски Сениќ“, во Скопје учат на свеќа бидејќи од вчера нема струја, објави „Фокус“.

Немаме струја токму кога е колоквиумска недела, односно имаме за полагање. Оставено сме сами на себе и заборавени од сите, револтирано коментираат студентите за „Фокус“.

Директорот на домот, Лулзим Џемаили, изјавил дека струјата е исклучена поради долг, истакнувајќи дека се надева дека проблемот наскоро ќе биде надминат.

Парите што ги добиваме не се доволни за подмирување на сите трошоци. Ние чекаме помош од Министерството за образование и се надевам дека набрзо проблемот ќе биде решен, изјави директорот Џемаили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.