„Проблемот е решен и наставата во училиштата каде немаше греење може повторно да се одвива“, најавија од општината по неколкудневниот спор меѓу „Скопје Север“ и општина Чаир, при што беше запрена дистрибуцијата на топлинската енергија до корисниците.
„Едукативно-образовниот процес во О.У. “Исмаил Ќемали“, О.У. “Васил Главинов“ и О.У. “7 Март“ ќе продолжи во нормални услови. Двата дена во кои не се реализираше настава ќе се реализираат во целост во одредени датуми за кои учениците ќе бидат навремено известени.“, се вели во соопштението од општина Чаир.
Поради проблемот со греењето голем револт искажаа и жителите на Чаир и Бутел, кои беа приморани да користат електрична енергија и покрај тоа што како корисници велат дека редовно вршеле исплати за услугите на „Скопје Север“. Оттаму пак соопштија дека било неопходно општината Чаир да им приложи финансиска гаранција, за тие да можат од своите дистрибутери да набават гас.