Учениците се поздрави и поуспешни ако наставата им почнува подоцна

Разбирливо е дека повеќето ученици спијат подолго доколку утринската настава им почнува подоцна, но помалку е познато дека подолгиот сон има позитивен ефект врз нивното здравје, чувството на среќа и врз оценките, покажува студијата на Институтот за биолошки науки Салк од сојузната држава Вашингтон, објавена во стручното списание Science Advances.

Во американскиот град Сиетл наставата од неодамна не започнува повеќе во 7,50 наутро, туку во 8,45 часот. Тоа е одлука на градските власти во рамките на реорганизацијата на наставата во училиштата под ингеренции на градот. Научниците од споменатиот институт истражувале како тоа влијаело врз учениците.

„Студијата покажа значителни подобрувања во должината и квалитетот на спиењето, а времето на станување се приближи до природното време на будење за тинерџеската возраст“, вели професорот Хорасио де ла Иглесиа, биолог од вашингтонскиот универзитет.

Подоцното започнување на наставата резултирало со тоа што учениците во просек спијат сега 34 минути подолго, односно од просечните 6 часа и 50 минути траење, нивното спиење е продолжено на 7 часа и 24 минути. Тоа е важно, истакнуваат научниците, бидејќи на тинејџерите им е потребно повеќе сон отколку на нивните родители. Луѓето имаат циркаден ритам, внатрешниот биолошки часовник кој сигнализира кога е време за одење на почивка, а кога е време за будење. Пубертетот тој циклус го продолжува.

„Внатрешниот биолошки часовник во основа се разликува од оној кај возрасните. Сите студии на навиките на спиење кај тинеџерите во Америка покажуваат дека времето за заминување на спиење биолошки им е условено, а времето за станување им е општствено одредено“, истакнува научникот Гидеон Данстер.

Тоа може да има сериозни здравствени последици, бидејќи нарушувањето на циркадниот ритам влијае на варењето на храната, пулсот, телесната температура, имунолошкиот систем и на нивото на концентрацијата. Научниците веруваат дека училишните власти насекаде во светот треба да поведат сметка за ова.

„Да се бара од тинејџер да биде буден и активен во 7,30 часот е исто како да барате од возрасен да биде буден и активен во 5,30 часот. Времето на почнување на наставата остава сериозни последици на усвојувањето и примената на наставнито материјал Тименџерите имаа свој внатрешен распоред. А прашање е какво распоред имаат нивните училиште“, вели професорот дела Илгесиа.