Ученичка со автомобил удрена на пешачки во Скопје

Ученичка која поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје денеска во околу 15 часот е удрена од автомобил југо, објави Телма.

Девојчето по ударот летнало десетина метри. Како што објави телевизијата, девојчето со возило на Итна помош било префрлено на скопскиот Ургентен центар каде и била пружена лекарска помош. Лекарите велат дека повредената е во стабилна состојба и се прават потребни снимки за да се утврдат повредите.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Локалните жители објаснуваат дека на улицата „Ангел Динев“ каде се случила несреќата има проблеми затоа што семафорите не се координирани. Во близина на местото се наоѓа училиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.