Ученичка од Манчестер со повисока интелигенција од Ајнштајн и Хокинг

Ученичката од Манчестер, Анвите Патил постигна 162 поени на тестот за интелигенција на организацијата Mensa, надминувајќи ги светски познатите научници како Алберт Ајнштајн (1879-1955) и Стивен Хокинг (1942-2018) кои имале квоциент на интелигенција (IQ) со 160 бодови, пишува Manchester Evening News.

Во написот се наведува дека Патил, којашто е во седмо одделение од основното образование во приватно училиште за девојки во јуќен Манчестер, во моментот на тестирањето во јануари годинава имала 11 години. Се додава дека потекнува од академско семејство, нејзиниот татко работи како консултант во англиската Национална здравствена служба (HNS), а нејзината мајка е доктор по математички науки.

Просечната вредност на IQ ширум светот се смета на околу 100 бодови. Здружението Menska, најголемата организација за луѓе со висока интелигенција, откако ги оценило резултатите од тестот, ја поканиле Патил да им се приклучи. Во ова здружение, инаку, членуваат околу 20.000 луѓе кои периодично одржуваат заеднички состаноци, како и онлајн настани.

Во 2021 година англискиот локален весник Bristol Post објави дека локален бристолски ученик, тогаш 12-годишниот Банаби Свинбурн добил 162 бодови на тесто за интелигенција. Поради тоа, Mensa го покани тинејџерот во своето членство.