Ученици избркани од средно училиште во Скопје поради пцовки кон професорка на онлајн час

Вчера на социјалните мрежи Инстаграм, ТикТок, па дури Твитер започна да кружи видео во кое ученик за време на онлајн настава вербално нападна професорка од СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје. Професорката што се соочи со недоличното однесување на ученикот беше неовласено снимана и споделувана на Интернет.

Видеото многу брзо се прошири на социјалните мрежи, а го продуцирал друг ученик од истото училиште.

По ова прашање, веднаш реагираше училиштето и донесе мерка исклучување на двајцата ученици, а одлуката јавно ја сподели на Фејсбук.