Учениците и студентите од Македонија ќе можат да влегуваат во Бугарија без ПЦР тест

На учениците и студентите од Македонија, од Грција, од Турција, од Србија и од Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе нема да им биде потребен негативен тест на коронавирус.

Истото важи и за студентите коишто живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.

Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.