Учениците од „Лазар Личеновски“ евакуирани

73

Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје е евакуаирано изутринава.

Учениците и наставниците се изведени надвор од објектот, а на паркингот се пристигнати екипи на полицијата, кои не дозволуваат пристап до училишната зграда.

 

МВР потврди дека во 08:36 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на паркинг-простор има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил. Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот.

Од МВР велат дека се уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

Во инцидентот нема повредени, а на учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.