Ученик избоден со нож во двор на училиште во Србија

Ученик на Техничкото училиште во Железник, во Белград, утрово бил избоден со нож во дворот. Со возило на итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар.

„Ученик од нашето училиште е повреден. Полицијата во моментот е во училиштето, се врши истрага“, кратко изјавиле од училиштето за „Евроњуз Србија“.

Ученикот е повреден околу 8 часот.