Училиштата од Општина Кисела вода се вклучија во проектот „Популаризирање на театарот“

Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при општина Кисела Вода започна со театарските претстави подготвени од учениците од основните училишта од општината, a со цел реализација на проектот „Популаризирање на театарот” во соработка помеѓу Министерствoто за образование и наука и општина Кисела Вода.

Театарските претстави беа презентирани пред Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, за избор на најдобра театарска претстава.

Во проектот зедоа учество седум основни училишта кои гравитираат на територијата на општината и се претставија со претставите:

ООУ Кузман Јосифовски Питу – училишна претстава “Бегалка”

ООУ “Партенија Зографски” –  училишнта претстава “Чорбаџи Теодос”

ООУ “Невена Георгиева – Дуња” – училишната претставата “Македонска Крвава

Свадба”

ОOУ “Кирил Пејчиновиќ” –  училишната претставата “Чорбаџи Теодос”

ОУ “Круме Кепески” –  училишната претставата “Чорбаџи Теодос”

ООУ “Рајко Жинзифов”-  училишната претставата “Бегалка”

ООУ “Кузман Шапкарев” – училишната претставата “Чорбаџи Теодос”

Целта на проектот „Популаризирање на театарот” е да се приближи театарската уметност до најмладата публика и притоа театарот да стане подостапен за секоја возраст. Оваа цел се постигна со формирање на драмски секции во сите основни училишта, ангажирање на професионални актери како гости предавачи, организирани посети на театарски претстави, изведба на театарски претстави од страна на учениците од сите основни училишта од општината и слично.

За успешна реализација на проектот се драматизираа дела кои учениците ги обработуваа како лектири.

Избраната театарска претстава која ќе биде најдобра на ниво на седум основни училишта од општината ќе учествува на државен натпревар на кој ќе земат учество основните училишта од другите општини. Се предвидува проектот да заврши со државен натпревар меѓу училиштата од сите општини кои зеле учество во проектот на кој победниците би имале можност претставата да ја одиграат пред публика во Македонскиот Народен Театар.