Училиштата во пандемијата да останат отворени, апелираат меѓународните организации

УНЕСКО; УНИЦЕФ и Светската банка повикаа во борбата против пандемијата на коронавирусот, училиштата ширум светот да останат отворени, во извештајот објавен во средата во кој се исткануваат штетите коишто затворањето на образовните институци ги предизвикува, особено во сиромашните земји.

„Клучно е да се даде приоритет на повторното отворање на училиштата и да се организираат неопходните часови за да се утврди материјалот“, за оние ученици за кои училиштата беа затворени, истакнува во писмената изјава Роберт Џенкис, функционер во одделот за образивание при UNICEF.

„Не треба да одиме далеку за да ја согледаме големата штета која пандемијата ја предизвикала врз учењето на децата во целиот свет. Во земјите со низок и среден приход, овој разорен ефект е зголемен бидејќи постои ограничувања во пристапот до учењето на далечина, зголемен е ризикот од буџетските кастрења и доцнењето во плановите за повторно отворање“, истакнува Џенкис.

Посочува дека сево ова го попречило секој изглед на нормалноста за учениците.

Според извештајот на споменатите три институции, децата од сиромашните земји изгубиле речиси четири месеци образование од почетокот на пандемијата. Во богатите земји, каде што можат да учествуваат во учењето на далечина, изгубиле шест седмици, се појазнува во документот,

УНЕСКО и Светската банка сметаат дека е клучно веднаш да се вложи во училишните системи за да се намали сѐ поширокиот јаз кој настанува меѓу оние кои имаат осигурано школување во богатите земји и оние во сиромашните.

Извештајот на трите институции е направен врз основа на информациите добиени од релиси 150 земји собирани во периодот меѓу јуни и октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.