„УЧК! УЧК!“, скандираа демонстрантите на протестот за Диво Насеље

Со скандирање УЧК, УЧК, карта на голема Албанија и транспаренти, стотина граѓани денеска протестираа пред Кривичниот суд, барајќи, како што наведоа, правда за осудените за тероризам од настаните во кумановско „Диво насеље“.

Учесниците во протестот тргнаа од пред споменикот на Скендербег, а пред Кривичниот суд каде што беше крајната цел, преку разглас упатија пораки преку кои бараа правично судење за лицата инволвирани во случајот, а од судиите да ги имаат предвид доказите кои биле отфрлени.

По кратките пораки, во придружба на полицијата чие присуство беше видно зголемено, демонстрантите се повлекоа кон плоштадот, од каде што тргнаа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.