Учителка добила писмо од Белата куќа, го вратила со корекции и го оценила со двојка

Шеесет и едногодишната Ивон Мејсон, поранешна учителка по англиски јазик, добила писмо од Белата куќа и се шокирала кога видела колку граматички грешки содржи текстот.

Пензионираната учителка ги истакнала сите грешки кои ги пронашла, ги поправила и го вратила писмото во Белата куќа.

Беше лошо напишано писмо. Не трпам неписменост. Дали сте пробале да користите граматичка проверка?”, се запрашала Ивон, мислејќи на алатките кои ги коригираат граматичките и останатите грешки во документите.

„Ох Боже, ова е погрешно”, напишала учителката под зборот “nation” кој бил напишан со голема буква, додека Мејсон тврди дека треба да биде напишан со мала буква.

Таа додала и дека не ги истакнала сите грешки, туку се сосредоточила само на поголемите. Коригираното писмо го објавила на својот Фејсбук профил.

Кога ќе добиете писма од највисоките државни тела, очекувате тие барем да се технички исправни. Доколку ова беше напишано од некој средношколец, би го оценила со двојка, вели Мејсон за писмото кое го потпишал Доналд Трамп, но таа претпоставува дека тој не го составил лично.

Инаку, Ивон Мејсон го добила писмото како одговор на прашањето кое го испратила до Доналд Трамп, а кое се однесувало на масакрот во Флорида кој се случи во февруари оваа година.

Таа го прашала Трамп кога планира да ги посети семејствата на сите 17 жртви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.