22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Удавен маж пронајден на брегот на Вардар

Рибари вчера околу 13.30 часот во полиција пријавиле дека на место познато како „Грнчкишки лаки“, на брегот на реката Вардар кај поранешната Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес“, пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, полицијата извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.