Уделот на „Лада“ на рускиот пазар до 23 отсто

Уделот на марката „Лада“ на рускиот пазар на автомобили до крајот на 2021 година ќе изнесува меѓу 22 и 23 отсто, изјави во средата челникот на руската државна корпорација „Ростех“, које е еден од сопствениците на производителот, Сергеј Чемезов.

„Поаѓаме од реалните прогнози дека севкупниот руски пазар би можел да надмине 1,8 милиони возила во 2021 година, но само доколу се надмине кризата со снабдувањео со електронските копоненти и државата го поддржи купувањето во четвртото тримесечје“, додаде Чеезов.

Претходно претседателот на „АвтоВАЗ“, Николас Мор изјави дека компанијата очекува значителен раст на рускиот пазар на автомобили во 2021-та, доколку продолжат мерките за државна поддршка на автомобилската индустрија, како и доколку се обнови непреченото снабдување со електронски компоненти.

Извести, исто така, дека „АвтоВАЗ“ планира во следните четири години да претстави пет нови модели на „Лада“ и во рок од пет години да ја доведе оваа марка во повисокиот ценовен сегмент.
Во првата половина од годината во Русија се продаден 200.000 примероци на возила од производителот. Станува за пет групи модели „Vesta“, „Xray“, „Largus“, „Granta“ и „Niva“.

Сопственици на „АвтоВАЗ“, во чиишто погони се произведуваат „ладите“, се „ Renault – Alliance Rostec Auto“ со удел од 68 отсто и руската државна корпорација „Ростех“ со 32 отсто.